Архиепископ

НЕГОВО БЛАЖЕНСТВО АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г. Г. СТЕФАН

Поглавар на Македноската Православна Црква Роден е на 01. мај 1955 година во с. Добрушево (Битолско) во патријархално православно македонско семејство, од благочестивите родители Cтојанка и Тале. Основно училиште завршува во родното место, а потоа во 1969 година се запишува во Македонската Православна Богословија “Свети Климент Охридски” во Драчево / Скопје, која со успех ја завршува во 1974 година, потоа се запишува на Белградскиот Православен Факултет.

По дипломирањето во 1979 година, Светиот архиерејски Синод на Македонската Православна Црква го поставува за професор во средното Богословско училиште во Скопје, а идната година е испратен на постдипломски студии на Екуменско/патролошкиот институт “Свети Николај” во Бари / Италија, на кој магистрира во 1982 година. По враќањето од Италија е поставен за предавач на Богословскиот факултет “Свети Климент Охридски’ во Скопје, по предметите Свето Писмо на стариот Завет и Патрологиа, од која должност е избран за архиереј. Замонашен е на 03.јули 1986 година во манастирот “Свети Наум Охридски Чудотворец” во Охрид.

Хиротонисан е за митрополит Злетовско/струмички на 12.јули 1986 година во храмот “Свети Димитриј” во Скопје. А потоа и митрополит Брегалнички. Беше и ректор на Македонската Православна Богословија во Скопје.

Во соборниот храм на древната Охридска Архиепископија “Света Софија” на 09. и 10. октомври 1999 година се изврши избор и востоличување на “Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски”, поглавар на Македонската Православна Црква.

Оваа висока чест, достоинство и должност, по вољја на соборјаните, ги доби брегалничкиот митрополит г. Стефан.

Зборува италијански и англиски јазик.