С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани верници,
драги браќа и сестри,

Со радост сакаме да бе информираме дека според новите олабавувања на мерките од страна на швајцарските власти BAG како и одвиванјето на пандемијата со корона вирусот Ковид 19, вратите на нашиот свет храм се повторно отворени.
Црковната општина на Македонската Православна Црковна Општина „Свети Наум Охридски“ во Триенген од одма продолжува со Светите Литургии според годишниот план.

Апелираме до вас драги верници да ги почитувате препораките на швајцарските власти

  • носење на маска нe е облигаторна но според локалните власти пожелна (секој сопствена)
  • држење на растојание од 2м
  • не се задржувајте долго при поклонение (палење свеќи)
  • избегавање на телесен контакт
  • дезинфицирање раце пред и после

Собирањето на луѓе во внатрешноста на црква според површината на црквата изнесува максимално 30 луѓе. Овде важи правилото 4м2 од човек или на луѓе кој живеат под ист кров.

Ве молиме да ги почитувате наредбите на дежурните и да ја следите сигнализацијата.

Во црковниот двор останува дозволената бројка максимум до 300 луѓе но со држење растојание 0д 2м (луѓе кој живеат под ист кров можат да стојат еден до друг).

Помошните просториите се отворени но и овде важи држење растојание од 2м (луѓе кој живеат под ист кров, може да седат на една маса)

Ве молиме да ги почитувате правилата бидејќи казните се големи!

За секоја нова промена на донесените одлуки ќе бидете благовремено известени!

Со почит,
ЦУО при МПЦО Св.Наум Охридски Триенген