Донатори

Црквата Свети Наум Охрисдки како и Македонската Православна Црква се финансираат исклучиво со доброволни средства на своите верници. Тоа значи дека самото постоење на Црквата е во рацете на своите верници. Затоа ве молиме грижете се за својата Црква и донирајте редовно!

Главни спонзори

Лицитацијата за лопатите на камен темелникот изгледаше вака:

Златната лопата 10,000 Сфр Стојанов Тони и Валентина
Сребрена лопата 6,000 Сфр Трајанов Лазо
Сребрена лопата мала 4,500 Сфр Симов Раде
Бронзена лопата 5,000 Сфр Дацевска Душка
Бронзена лопата мала 2,500 Сфр Пешевски Гане
Кум на црквата 3,000 Сфр Динов Миле

За цртање на Живопис во црквата од Верникот и Архитект Милев Раде има донирано 10,000 Франци

Големиот хуманист Г-дин Reupp Peider кој се залага за прибирање на финансиски средства за градба на црквата. Кој што досега има приберено околу 35,000 Фр. од кои за иконостасот Römisch-katholische Landeskirche des Kantons Luzern има спонзорирано 20.000 Франци. Тоа е дело што ке остави гoлема благодарност во нашата црква.

Г-дин Манески Војне од Лозана кој е спонзор за ископите на темелите на црквата, има оставено и машина Багер, со што работата околу уредувањето на црквата многу ни е олеснета и ни е од голема корист.

Целата припрема и работа на фасадата Г-дин Костовски Цане ја спонзорира. Голема благодарност на Г-дин Костовски Цане кој уште на почетокот не охрабруваше дека ќе успееме сами да ја поставиме фасадата, благодарност на сите што помагаа околу поставувањето на фасадата.

Уште на почетокот за уредување на околината одговорноста ја презеде Г-дин Косев Митко и отогаш скоро секоја Сабота се работеше на припрема на паркплацевите и поплочување околу црквата. Голема благодарност на Г-дин Косев Митко кој целиот труд и работа ја спонзорира. Благодарност сите што помагаа околу уредувањето на околината.

Г-дин Спасов Тоде кој се залагаше за асвалтирање на патот околу паркплацевите, со што целата механизација и работа беше спонзорирана од Фирмата Вонплон, само е платен асвалтот.

Благодарност сите што помагаа за асвалтирањето на патот.

Голем спонзор Архитект Марјан Цветковиќ кој целата работа ја спонзорира.

Со разговор со Арх. Марјан Цветковиќ дојдовме до сознание дека со доброволна работа имаме заштедено околу 1 милион Швајцарски Франци.

Сите доброволци кои сакат активно во изградбата и одржувањето на Црквата да придонесат, имаат можност со начин на откуп од Икони или со финансиска донација да учествуваат.