Црковен одбор

Македонска Православна Црковна Општина (МПЦО) Триенген

Структура и Организација:

Црковниот одбор на македонската православна црковна општина „Свети Наум Охридски“ моментално го социнуваат околу 50 членови, кои волонтерно дејствуваат околу работата на оваа црковна општина. Црковниот одбор го сочинува претседателство, контролен орган, црковен отец и активни членови.Зачленувањето е можно во секое време, заклетвата за чесната работа се дава после годишното собрание.Бројот на членови не е ограничен. Црквата има потреба од активни и млади членови.

Услови и Задачи за примање на нови Членови се:

  • Наполнeти 18 години
  • Да е крстен, доколку има некој заинтересиран од друга религија или националност може да биде почесен член
  • Доколку е во брак, да е венчан/а
  • Интерес да допринесе активно за МПЦО, Триенген
  • Редовно присуство на состаноците
  • Присуство и активност на празнични настани/прослави
  • Дежурство за отварање и нега на црквата од 1 Месец во годината (сабота, недела и празници од 10-12 часот)

Улога на Контролниот Орган:

Контролниот Огран дејствува во име на верниците. Според Статутот на МПЦО Триенген уверен од МПЦ – Европска Епархија, Контролорите ги контролираат годисните сметки и даваат извештај на Годишното Собрание.Контролниот Орган извршува противпроверка на Благајната за сите финансиски преливи околу Црковната Општина. Членовите се бираат на Годишното Собрание на МПЦО Триенген и не мораат да бидат членови на МПЦО.Контролниот Орган придонесува противпроверкана сите работни работни дејства во целокупниот Одборот.Членовите се бираат годишно на годишниот состанок на МПЦО, Триенген.

Членови Контрола 2016:

  • Спасов Лјаме (претседател Контрола)
  • Костоски Цане
  • Стојанов Лазар
  • Трајков Никола

Email: kontrol@mpc-triengen.ch

Набавка и водење магазин:

  • Костоски Цане
  • Јанков Никола

Улогата на Црковниот Одбор, Триенген:

  • Црковниот Одбор се грижи околу програмата на изградбата на Црквата „Свети Наум Охридски“ и нејзините помошни простории.
  • Мандатот на Раководството на црковниот Одбор трае 4 години.
  • Црковниот Одбор се грижи за овозможување на сите верски потреби на својте верници во Швајцарија.
  • Работи во склоп со Европската Епархија на МПЦ и го донесува планот на годишните литургии и богослужби.
  • Ги припрема и организира црковните празници и прослави
  • Одборот го донесува планот на работата на програма околу црковната општина.
  • Го избира и разрешува тесното раководство, членовите и контролниот орган.
  • Подготвува годишен извештај.
  • Работи исклучиво во интерес на членовите и верниците на МПЦО, Триенген

Претседателство:

  • Председател: Марјан Цветковиќ Тел.+41 (0) 76 240 50 29
  • Заменик Председател: Коцев Богдан Тел.+41 (0) 76 572 77 14
  • Секретар:Танаскоски Дамјан Тел.+41 (0) 76 801 35 92
  • Заменик Секретар: Стефановски Синиша Тел.+41 (0) 76 425 29 88
  • Благајник: Стоичов Венко Тел.+41 (0) 78 851 73 38
  • Заменик Благајник: Стојановски Игор Тел.+41 (0) 79 349 96 44