МПЦ „Свети Наум Охридски“ Триенген, Швајцарија

Добредојдовте на вебстраната на

Македонската Православна Црква
„Свети Наум Охридски“
Триенген, Швајцарија

Настани

Литургија – ЗАДУШНИЦА

Неделна Литургија

Неделна Литургија – ПРОЧКА

Неделна Литургија

Неделна Литургија

Драги Браќа и Сестри

Како треба да се однесуваме во Црква

Кога одиш во црква,мисли дека влегуваш во домот на Небесниот Цар и треба да стоиш исто онака, како што би стоел на небесата пред Царот на царевите.Исто така, на тоа не упатуваат и црковните песни, со зборовите : Кога стоиш в црква, мисли дека стоиш на небесата. Ако сакаш твоите молитви да бидат полезни, прости му на секого што те навредил, та и ти да можеш да речеш : „ Оче наш, Кој си на небесата, прости ни ги долговите наши како што им ги проштаваме и ние на нашите должници. “Знај добро дека, ако не си подготвен да им простиш на оние што те навредиле, нема ни тебе Бог да ти ги прости гревовите. (МТ.6, 15 ) Кога стоиш в црква, не се врти на страна: не ги гледај другите, како тие стојат или се молат, бидејки ке бидеш осуден како фарисејот, зошто правото да суди Му припаѓа само на Бога, а не тебе. Гледај кон Олтарот, каде што најсветата жртва се принесува и тивко повторувај си: „ Боже биди милостив кон мене грешниот ! “ Чувај се како од жив оган од смеење и од разговарање в црква, бидејќи така го навредуваш Бога и со тоа покажуваш дека немаш почит кон црквата како најсвето место, а ги наведуваш и другите на грев и им го свртуваш вниманието од молитвата. Слушај внимателно што се чита и се пее и од тоа насладувај се. И ако твоите мисли скршнат кон нешто друго, обиди се да се сосредоточиш кон молитви и песни, со кои се слави Бога...

Повеќе

Верници

Се обраќаме кон нашите Верници и сите Симпатизери на МПЦ Свети Наум, Триенген. Ви ја пружиме можноста да бидете информирани за сите наредни Настани околу вашата Црква.

Оставете ни ги вашите податоци за да можеме да ви праќаме информации, покани и слично во иднина.

Донација

Драги Браќа и Сестри

Вие знаете и самите колку труд и работа членовите од црковниот одбор доброволно влозуваат да помогнат околу создавањето на една Македонска Православна Црква во близина на Верниците кои живеат во далечина од својот роден крај. Но тоа не е доволно. Создавањето на МПЦ значи и голема финансиска Обврска и потреба.

Затоа ви се обраќаме на сите вас Верници, Симпатизери и Добротворни луѓе да ја подржуваат иницијативата за созадавање на Македонска Православна Црковна Општина во нашата втора татковина, Швајцарија, со успех да го спроведеме. Ве молиме за редовни донации во било која височина на сума да донирате за изгрдба и одржување на вашата Црква МПЦ Свети Наум, Триенген. За наша добротворност и наш Мир во душата.

Секоја сума е добродојдена и примена со голема благодарност.